Weekly News

12/02/2019

3-ти состанок на директорите на цивилна заштита на ЕУ


Делегација од Дирекцијата за заштита и спасување, предводена од директорот, г-дин Аднан Џафероски, во период од 11-13 февруари 2019 година, учествуваше на 3-тиот состанок на директорите на цивилна заштита на ЕУ, партнерските и Медитеранските држави, што се одржа во Барселона. Целта на состанокот е интегрирање на Медитеранските држави во Механизмот на цивилна заштита на заедницата. Се дискутираше на теми за зголемување на отпорноста кон современите закани, зајакнување на капацитетите за одговор, зголемување на свеста кај граѓаните и волонтерите за потребите од нивен ангажман во рамките на цивилната заштита, ефективноста на меѓународната помош во случаи на катастрофи и сл.

Состанокот го отвори господин Кристос Стилианидес, комесар за хуманитарна помош и управуваше со кризи на ЕУ. На маргините на состанокот, директорот Џафероски оствари низа билатерални средби, а со колегите од Турција и Грција се договорени официјални средби.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации