29/03/2024

Ј А В Е Н О Г Л А С за вработување на 10 (десет) лица

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија, врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01/277/2 од 22.01.2019  објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 10 (десет) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 10 (десет) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

        1. Раководител на подрачно одделение за заштита и спасување Берово, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: правни науки, наука за земјиштето и хидрологија или одбрана
  • Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, економски науки и јавна администрација
  • Работно искуство: најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Паричен износ на основна нето-плата: 28.318,00   денари за работното место под реден број 1

2. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на хуманитарните мерки за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Велес, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Одбрана, правни науки или организациони науки и управување (менаџмент)
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 2

3. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на мерките за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Виница, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана или безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 3

      4. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на мерките за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Кочани, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: правни науки, одбрана или безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 4

5. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на мерките за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Кратово, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: правни науки , одбрана или безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 5

6. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на хуманитарните мерки за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување Ресен , Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана, правни науки или организациони науки и управување (менаџмент)
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 6

7. Помлад референт за пополна и мобилизација на силите за заштита и спасување, планирање и организирање на обука, тренинг и вежби, Подрачно одделение за заштита и спасување Гостивар, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо / средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.166,00   денари за работното место под реден број 7

8. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на заштита и спасување од пожари, Одделение за планирање, организирање и спроведување на операции и логистичко обезбедување, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана или безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 8

9. Помлад соработник за спроведување на меѓународни активности и преведување од и на англиски, Одделение за меѓународна соработка, Сектор за заеднички работи – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: правни или политички науки или наука за јазикот (лингвистика), образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180  кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00   денари за работното место под реден број 9

10. Помлад референт курир и администратор, Подрачно одделение за заштита и спасување Делчево, Сектор за оператива и логистика - 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо / средно образование
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 13.166,00   денари за работното место под реден број 10

 

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оригинал или копија уверение за државјанство

2.Доказ за општа здравствена способност/лекарско уверение оригинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оригинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)

7.Доказ за познавање на компјутерски програми/потврда-сертификат-оригинал или кои ја

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата-максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07:30-08:30 часот и крај на работно време меѓу 15:30-16:30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок.

           Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица „Васко Карангелески“ бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром – Скопје (со назнака „За оглас за вработување за работна позиција бр...“)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување)

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

                                                                   

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ