Weekly News

Logo

01/02/2019

Специјализирана обука на тема: „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело“


Од 28.01.2019-1.2.2019 година, Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, реализираше специјализирана обука на тема: „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело„.
На обуката  беа обединети претставници од многу релевантни институции како: Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, Територијалните против-пожарни единици и Основниот суд Скопје 1- Скопје. 
Денес,(петок), 1.2.2019г. на свечената завршница на обуката беа врачени сертификати на учесниците, а свои излагања имаа и Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г-н Кристијан Тимоние, Вицепремиерот и министер за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски.

За Република Франција е многу важно да го запознае системот на Цивилната заштита на Република Македонија, и затоа изминативе години собираме информации за подобро да ја изградиме нашата соработка -рече Н.Е, Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г-н Кристијан Тимоние.
Честитки за сите учесници на обуката кои ова стекнато искуство и знаење ќе го инкорпорираат во понатамошното ангажирање во својата институција, надлежна за оваа активност-истакна Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, г-н Оливер Спасовски.
Република Франција е докажан пријател и партнер на Република Македонија, ги мобилизираше своите ресурси со цел унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји и проширување на истата во сферата на Цивилната заштита.
Во овој проект влеговме со одредено знаење и искуство, а очекуваме по завршување на истиот да излеземе целосно подготвени и со зајакнати персонални и институционални капацитети.Верувам дека ова е само почеток на еден успешен проект и дека ќе забележиме заеднички успех насочен кон најважната цел, заштитата и спасувањето на животите на своите граѓани-истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски.
Обуката е од огромно значење бидејќи претставува прва билатерална активност помеѓу Република Македонија и Република Франција, но и одлична прилика за понатамошно градење и унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји во рамки на Цивилната заштита.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации