28/03/2024

Национална Симулациска вежба (ТТХ) за прв одговор при РХБН инцидент "Скопје-Прв одговор,2017"

Дирекцијата за заштита и спасување оддржа Национална Симулациска вежба (ТТХ) за прв одговор при РХБН инцидент на 26-27.09.2017 година во бизнис центарот Хипериум во Скопје. Вежбата се оддржа согласно Проектот 44: "Јакнење на способностите на тимовите за прв одговор и на регионалната соработка при одговор во ХБРН настан " (проект е финансиран од ЕУ а имплеметиран од страна ХБРН-Центарот за Извонредност формиран на иницијатива на ЕУ со подршка на UNICRI).

Главна цел на Вежбата беше јакнење на ХБРН капацитетите за прв одговор и меѓуинституционална соработка помеѓу различни институции/сектори преку нивните различни експертизи, а кои се надлежни да се вклучат во одговор или реакција. 

Заменик директорот на Дирекцијата г-дин Екрем Зендели и командантот на Противпожарната Бригада на град Скопје Звонко Томески имаа поздравно обраќање на почетокот на Вежбата.
Учесници на Вежбата беа претставници од релевантните институции и служби и тоа: Министерството за внатрешни работи, Итната медицинска помош на град Скопје, Противпожарна Бригада на град Скопје, Институт за јавно здравје, Хидрометеоролошка управа на РМ, Министерство за одбрана, Министерство за животна средина и просторно планирање, ПМФ-Институт за хемија, Медицински факултет, Дирекцијата за заштита и спасување.

Како подготовка на Вежбата беа реализирани неколку презентации од национални експерти за хемиска, радиолошка и биолошка заштита од ПМФ-Институт за хемија, Медицински факултет и Институтот за јавно здравје. На Вежбата се проигруваше Сценариото-терористички напад на камион кој пренесува 7 тони хлороводородна киселина и 13 тони воден раствор на избелувач во близина на спортската сала Јане Сандански. Сценариото го изработи професор Методија Најдоски, професор на ПМФ-Институт за хемија. 
Вежбата беше следена од страна на двајца обсерватори од Конзорциумот на Проектот 44: Elemir Farkas, Институтот за индустриска безбедност и менаџирање на итни вонредни состојби од Словачка (ISEM) и  Sabrina Brizee, Националниот Институт за јавно здравје и животна средина од Холандија (RIVM).