19/04/2024

Донација од фирмата РОСОМАК С.А. од Полска

Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Варшава – Полска, 
фирмата РОСОМАК С.А. од Полска, која е производител на воена опрема, 
додели на Република Македонија донација која се состои од опрема за справување со поплави.

Опремата ја сочинуваат пумпи за вода и кал со различен капацитет со вкупен број од околу 280 парчиња како и соодветни црева и резервни делови за истите, агрегати за електрична енергија со различен капацитет околу 30 парчиња и 51 носило.

Опремата е пристигната во Република Македонија и сместена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување. Официјалното примопредавање и потпишување на договор за донација помеѓу РОСОМАК С.А. и ДЗС ќе се одвива во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во касарната Гоце Делчев во Скопје на 29.12.2016 год.