28/05/2024

Донации преку Механизмот за цивилна заштита

Преку Механизмот за цивилна заштита на 17 Август 2016 пристигна донацијата од Република Бугарија. Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Република Грција, Република Австрија, Република Чешка и Република Унгарија, а се очекуваат донациите од Република Словачка и Република Холандија.

Донациите се предадени во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На примопредавањето на донациите присуствуваа претставници од Амбасадите во Република Македонија како и претставници од владата на Република Македонија.

Донациите се состојат од: пумпи за вода и кал со различен капациет, генератори за електрична енергија со различен капацитет, шатори, кревети, кебиња, вреќи за спиење, кабаници, ракавици, чизми, лопати, колички, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, кутии за прва медицинска помош, медицинска опрема и др.