25/04/2024

ДИРЕКТОРОТ НА ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ УЧЕСНИК НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО САРАЕВО

 

Денес, 8 ноември 2018 година, на Универзитетот за Криминалистика, криминологија и
сигурносни студии во Сараево се одржа Округла маса на тема: Управување со ризиците во
урбаните средини. На состанокот покрај научната и експертската фела од повеќе
високообразовни институции, цивилната заштита на Федерацијата на БиХ, делагација
од Филозофскиот факултет од Скопје, учество зема и директорот на Дирекцијата за
заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски. Тој рече дека дискусии од ваков тип
треба да бидат пример за сите земји и дека е неопходно регионот да се разбуди и да
почне да соработува, а посебно дека оваа панел дискусијата ќе даде голем придонес
за двете земји. Џафероски на крајот кажа дека сите интитуции се одговорни, но
најодговорни се цивилната заштита и образовните институции кои работат на
создавање на експерти од областа на сигурноста, но и на воениот и полицискиот
кадар.

Дискусијата беше поделена во две сесии. Првата, беше со наслов “Урбано
планирање и антропогени загрозувања”, на која се истакна потребата да се
воспостави цврста врска помеѓу заедницата и институциите (полиција, против-
пожарна единица, брза помош), но и институции кои работат на изработка на
урбанистички планови. Втората сесија беша насловена како “Превенција на
криминалитетот со примена на новите технологии, дизајн на урбаните средини и
околината”, на која беше истакнат концептот на “Smart city” кој ги обединува скоро
сите компоненти во урбаните средини.

Сараевскиот универзитет за сигурносните ризици уште пред осум месеци започна да
разговара со Институтот за сигурност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во
Скопје, а во наредниот период ќе прерасне во Летен камп со партнерите и
невладините организации од Босна и Херцеговина и Македонија.