28/03/2024

Отстранети 6 (шест) парчиња неексплодирани убојни средства

На 7.11.2018 година (среда) во 11:15 часот, на локалниот пат Битола, с.Дихово, при изведба на градежни работи откриени се 6 (шест) парчиња неексплодирани убојни средства, при што веднаш е пријавено во СВР Битола од каде што е известена и Дирекцијата за заштита и спасување -ПОЗС Битола. Пиротехничарот Г.Стефанов од ДЗС на лице место констатира дека станува збор за шест артилериски неексплодирани гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна. Истите се безбедно подигнати, отстранети, пренесени и ставени на безбедна локација.