29/03/2024

Пристигна тимот експерти од Европската унија

Пристигна тимот експерти ангажиран преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија од областа на водовод и канализација за испомош на надлежните институции во процена на загрозеноста на водата за пиење и канализацијата и предлог мерки за надминување на констатираните пропусти.

Во текот на вчерашниот ден, 10 Август 2016 започна со работа тимот на странските експерти задолжен за проценка на настанатите штети. Тие треба да помогнат и во процената на причината на настанување на штети и загубата на животи. Заедно со нив треба да ги увидиме и надминеме нашите пропусти во превенцијата и справувањето со природни несреќи од овој обем.