Weekly News

Logo

18/10/2018

Третиот работен ден од Peer Review скринингот во Штип и Свети Николе


Третиот работен ден од Peer Review скринингот во Дирекцијата за заштита и спасување започна со посета на општините Штип и Свети Николе, каде  тимот на Peer Review и директорот на ДЗС г-н  Аднан Џафероски, остварија средба со градоначалниците на двете општини г-н Благој Бочварски градоначалник на општина Штип и г-н Сашо Велковски градоначалник на општина Свети Николе.На средбата се водеше дискусија за регионалните аспекти на заштитата и спасувањето.
Се посетија и ТППЕ Штип, ТППЕ Свети Николе и доброволното противпожарно друштво Свети Николе и нивните објекти,возила и опрема.Притоа, се водеше дискусија за моменталниот статус и други проблеми. Се направи и споредба помеѓу професионалниот и доброволниот систем за противпожарна заштита.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации