• насловна
  • Линкови
  • Контакт
Дома
Мени
    • ЗА НАС
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
    • ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
    • Односи со јавност
    • Јавни набавки
    • Упатства
    • ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Несреќи и катастрофи
Информирај се
  • Упатство за граѓаните
  • Фото галерија
  • Видео
Линкови
       1                1                1          
         1                1                1                1                1                1                1                1                1                1              
Заврши третата фаза од подводно расчистување на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства

Охрид 22.03.2012

ohri

     Проектот за подводно расчистување од неексплодирани убојни средства во Охридското Езеро – Фаза 3, започна на 22.02.2012 и заврши на 21.03.2012 год., а на 22.03.2012 се одржа завршна свеченост на која на присутните им се обратија:

  • г-дин Хади Незир – Министер во Владата на Република Македонија
  • г-дин Екрем Зенделим, Заменик на Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување
  • Н.Е. г-дин Пол Д.Волерс, Амбасадор на САД во Република Македонија
  • Н.Е. г-дин Алан Брајан Бергант, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија
  • г-дин Горан Гачник, Заменик Директорот на ITF Enhancing Human Security

     Во рамките на завршната свеченост беше извршена демонстрација на подводно детектирање на неексплодирани убојни средства и нивно извлекување од езерото.
     Во досегашниот тек на активностите за подводно чистење на Охридско Езеро од НУС, во петходните две фази беа извлечени и уништени околу 16 тони неексплодирани убојни средства, а во третата фаза беа извлечени и уништени околу 3800 кг. што вкупно е нешто помалку од 20 тони неексплодирани убојни средства.
     Проектот е финасиран од Соединетите Американски Држави (канцеларијата за намалување и отстранување на оружје при Стејт Департментот во Државното биро за Политичко-Воени работи) преку ITF Enhancing Human Security (ITF), и е изведен од специјализирани тимови за подводно деминирање на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пиротехничари вработени во ДЗС, а под надзор од P.E.D. Sava d.o.o. – Словенија. Имплементирањето на проектот беше поддржано од тимови за спасување на вода и прва помош на ДЗС, користење на објекти во сопственост на Министерството за одбрана, со потребно обезбедување од Министерството за внатрешни работи.
     Со реализација на предвидените мерки и активности во рамките на проектот ке бидат отстранети опасностите и загрозувањата кои се закануваат  врз населението и материјалните добра а воедно ќе придонесе и за промовирање на туризмот во Охрид како град заштитен од УНЕСКО. Со проектот се обезбеди и високо квалитетна опрема (за тимот за брз одговор за подводно деминирање, два подводни детектори за метал UWEX 725 K и Мамут пумпа - подводна смукалка) која ке остане во сопственост на Република Македонија, а низ процесот на обука, обучени се припадниците на Тимот за брз одговор за заштита од НУС за подводно деминирање, кое беше целосно финансирано од САД преку ITF.
     Ова претставува придобивка на Република Македонија и на Дирекцијата за заштита и спасување за успешно и ефикасно справување со сите ризици од тој вид, како на територијата на Република Македонија, така и со учеството во меѓународни мисии.