Скопје 04.01.2017
На 04.01.2017 година Директорот Дирекцијата за заштита и спасување д-р Шабан Салиу го свика Главниот штаб за заштита и спасување. На состанокот бе присутни претставници од повеќе засегнати институции меѓу кои: Министерство за здравство, Министерство за локална самоуправа, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, АРМ, Агенција за електронски комуникации, МЕПСО, ЕЛЕМ, ЕВН, УХМР, МТВ, Црвен крст на Република Македонија, Федерација на планинарски спортови, Воено медицински центар, Агенција за храна и ветеринарство.
Состанокот на Главниот штаб за заштита и спасување беше свикан во очекување на дестабилизација на временските услови со обилни врнежи од снег и вонредно ниски температури.
Истакнато беше дека треба да се преземат превентивни дејства што се состојат од навремено информирање на населението за очекуваните промени во временските услови, апелирање да се почитуваат одредбите за управување со моторни возила во зимски услови, зголемување на подготвеноста на институциите да ги вклучат своите сили и средства.
Препорачано е да се дадат навремени упатства за движење на моторни возила на критични точки, Локалната самоуправа да ги стави во подготвеност своите сили и опрема.
Сите учесници истакнаа дека се подготвени да се соочат со дестабилизацијата на временските услови и да во координација со останатите институции делуваат во својот делокруг на работа.