27/04/2018
Обука за припадниците на ЈП "Македонски шуми".
Во рамките на редовните активности на Дирекцијата за заштита и спасување, а во контекст на претстојната сезона на пожари на отворен простор, денес, 27 април 2018 година, на местото викано "Витачево", општина Кавадарци, одржавме обука за припадниците на ЈП "Македонски шуми".
Истата се состоеше во запознавање со пумпите за вода со капацитет од 300l, вградени на 4 возила тип Great Woll, кои Дирекцијата ги отстапи на користење на ЈП "Македонски шуми".
На оваа теоретска обука и следеше практична демонстрација на употреба на опремата при гасење пожар на отворен простор.
Припадницте на ЈП МШ, кои се едни од првите кои на терен се справуваат со оваа појава, за време на обуката покажаа висок степен на професионализам.
Обуките кои ги спроведува Дирекцијата за заштита и спасување се дел од превентивните активности, врз база на кои понатаму се градат процедурите за оперативно дејствување.