23/11/2019
Практичната вежба на тема: "Обезбедување на лице место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица"
На 23.11.2019г. (сабота), во Кавадарци, преставници од Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа на практичната вежба на тема: "Обезбедување на лице место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица", организирана од Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР. Тимот од Дирекцијата за заштита и спасување на оваа вежба активно учествуваше во справување со мерката евакуација.