09/10/2019
Основна обука за заштита и спасување во АРИНИ ФЕШН, Прилеп
На ден 9.10.2019 година во oбјектот на АРИНИ ФЕШН, Прилеп во соработка со Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа основна обука за заштита и спасување ,со акцент на мерката за евакуација и мерката за противпожарна заштита.
На Обуката присуствуваа 29 припадници на штабот и универзалната единица за заштита и спасување ,а на евакуацијата учествуваа сите вработени присутни на работното место,вкупно 162 лица.
На обуката е прикажан сериозен однос на вработените и примена на стандарните оперативни процедури во случај на инциденти и други можни несреќи и непогоди кои можат да се случат во овој производен центар.