08/10/2019
Основна обука на мерката за евакуација и противпожарна заштита во ВАСИДОРА, Прилеп
Центарот за обука по барање на менаџментот на ВАСИДОРА, Прилеп на ден 8.10.2019 година, oрганизираше и спроведе основна обука, со акцент на мерката за евакуација и мерката за противпожарна заштита.
На Обуката присуствуваа 30 учесници, припадниците на Штабот за заштита и спасување и универзалната единица ,а евакуирани беа 243 вработени, присутни на работното место во утврдениот термин.
Учесниците на обуката покажаа задоволително ниво на познавање на презентираниот материјал и ја поздравија активноста на Дирекцијата за заштита и спасување.