Weekly News

04/10/2019

Обука на вработените во ТЕ-ТО АД Скопје и здружена вежба за противпожарна заштита


На ден 4.10.2019 година во објектот на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје се одржа обука на вработените и здружена вежба за противпожарна  заштита на која покрај Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа и ТППБр.на Град Скопје, Итната медицинска помош на Град Скопје ,Црвениот крст на Град Скопје и МВР со Оддел за Криминалистичка техника.На вежбата учествуваа сите вработени и формираните просторни сили и беше реализирано сценарио кое предвидуваше технолошка хаварија ,појава на пожар и повредени лица.Во вежбата се спроведени комбинирано мерките за заштита и спасување ,справување со пожарот ,прва помош и тријажа на повредени ,евакуација на вработените и посетителите на безбедно место ,а одделот за крим техника од МВР ја спроведе постапката и истражните дејства на местото на настанот,истотака интерните процедури на ТЕ-ТО АД Скопје се спроведени во целост а со тоа вработените  покажаа висок степен на обученост и одговорност.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации