30/03/2018
Обука за заштита од пожари за вработените во ЗИК Пелагонија
Дирекцијата за заштита и спасување, на 30.03.2018 година, спроведе обука за заштита од пожари за вработените во ЗИК Пелагонија.
На обуката, покрај вработените, присуствуваа и студенти од Славјанскиот универзитет во Битола, од Факултетот за безбедносно инженерство.
Теоретскиот дел од обуката се одржа во просториите на Универзитетот, каде што се сретнав со проф. Јагода Митревска, раководител на Сектор за образование и наука. Разгледавме можности за соработка со Факултетот за безбедносно инженерство, каде се школуваат кадри од областа на заштита од пожари и безбедност и здравје при работа.
Идните активности ќе се дефинираат со потпишување Меморандум за разбирање помеѓу двете институции.