Weekly News

02/10/2019

Основна обука за заштита и спасување на вработените на ГИЗ-Германското Друштво за Интернационална Соработка и КФВ -Кредитна банка за обнова


На ден 02.10.2019 год. се одржа основна обука за заштита и спасување  на вработените  на ГИЗ- Германското Друштво за Интернационална Соработка  и КФВ -Кредитна банка за обнова .Обуката се спроведе по нивно барање,а Центарот за обука на ДЗС согласно програмата ги запозна со функционирањето на системот за заштита и спасување ,функционирањето на мерките за заштита и спасување ,организацијата на силите за заштита и спасување ,можните природни непогоди и др.несреќи и можни ризици и загрозувања на територијата на Републиката.Во текот на обуката посебно беа разработени мерката за евакуација од аспект на просторната и евакуација на безбедно место од објектот како и мерката за противпожарна заштита и справување со можен пожар во објектот .Покрај теоретскиот дел вработените практично беа запознаени со планот за евакуација како и користење на ПП апарати и други средства за заштита и спасување во објектот каде што престојуваат.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации