28/09/2019
Згрижување и евакуација на болни, повредени и персонал и примена на противпожарната заштита и прва медицинска помош во случај на земјотрес
На ден 28.9.2019 година со почеток во 9 часот се одржа противпожарна евакуациска вежба во Клиничката болница Аџибадем Систина -Скопје. Вежбата ја организираше менаџментот на Клиничката болница Аџибадем Систина -Скопје во соработка со Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување и со подршка на ТППБр.Скопје.Темата на вежбата беше "Згрижување и евакуација на болни, повредени и персонал на Болницата и примена на противпожарната заштита и прва медицинска помош во случај на земјотрес".
На вежбата учествуваа сите вработени присутни на работното место во утврдениот ден, како и клиенти ,посетители ,пациенти и повредени. Во текот на вежбата се спроведени стандардните оперативни процедури за евакуација и постапки за противпожарна заштита, како и интерните медицински процедури на болницата за постапување во вонредна состојба, природни непогоди и можни несреќи и безбедно згрижување болни, повредени и вработени. Вежбата е успешно реализирана, а истата покрај Центарот за обука на ДЗС ја следеа и претставници од највисокиот менаџмент, гости, посетители и претставници од медиумите.