27/09/2019
Мониторинг на тестирањето на вработените во службата за обезбедување и противпожарна заштита на Окта АД Скопје
На ден 27.09.2019 година на покана од службата за обезбедување и противпожарна заштита на Окта АД Скопје ,претставници од Центарот за обука на ДЗС присуствуваа и спроведоа мониторинг на тестирањето на вработените во службата на пожарникарите .Притоа е спроведена теоретска проверка на знаењата и психофизичка спремност на припадниците на оваа единица во која согласно нивната програма за оспособување спроведуваат интерни обуки,тренинзи,тестирања. Во комисијата на Окта АД Скопје покрај внатрешните членови присуствуваа и други служби за ППЗ и обезбедување од други институции.