13/09/2019
Симулациска вежба во објектот на ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД
На ден 13.9.2019 г.(петок), на вработените во објектот на ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД, под мониторинг на Центарот за обука на Дирекција за заштита и спасување им беше спроведена симулациска вежба на тема: Евакуација на клиентите и вработените во случај на пожар.
Во вежбата беше покажан сериозен однос на вработените и примена на стандардните оперативни процедури во случај на природни непогоди и други можни несреќи.