Weekly News

01/07/2019

Работен состанок на Раководното и координативно тело на интерактивната-оперативна вежба за заштита и спасување “Заеднички одговор 2019”


На 1.7.2019г. во просториите на ОКТА АД Скопје се одржа работен состанок на Раководното и координативното тело на интерактивната-оперативна вежба за заштита и спасување “Заеднички одговор 2019”. Учесници на состанокот беа припадници на менаџментите и службите за безбедност и заштита и спасување, вклучени во подготовките и реализацијата на вежбата.
На состанокот беше утврдено детално сценарио со работните точки, составот и силите на учесниците, конкретните заеднички и посебни задачи на учесниците и материјалните ресурси(возила на МТС, опрема, авиони).
Поради временските, простoрните и организациските услови, беше утврдено  датумот за одржување на вежбата да биде на 19.7.2019г.
Во подготвителниот период испланирани се посебни и детални посети и извидувања на теренот, заради запознавање на учесниците со работните задачи.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации