27/06/2019
Тактичко-показна вежба на тема: Гасење пожар
На ден 27.06.2019 год. под мониторинг на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување, со учество на просторните сили на Алкалоид АД Скопје, во соработка со ТППБр Скопје е организирана и спроведена тактичко-показна вежба на тема: Гасење пожар во објект Г. Развоен Институт на Алкалоид АД Скопје, ПЦ Фармација на локалитетот во Автокоманда.
Вежбата ја раководеше штабот за заштита и спасување на чело со Кире Ицев - директор на секторот за општи и правни работи и командантот на ТППБр Скопје - Владимир Симоновски.
Во вежбата е прикажан сериозен однос на вработените и примена на стандардните оперативни процедури во случај на настанување на инциденти и други можни несреќи и непогоди кои можат да се случат во овој производен центар. Во рамките на вежбата е спроведена и евакуација на 111 вработени и примена на мерката за прва помош.