Weekly News

25/06/2019

Тактичко показна вежба на тема "Евакуација на вработените во случај на пожар"


На ден 25.6.2019 под мониторинг на Центарот за обука при ДЗС, со учество на просторните сили на Алкалоид АД Скопје, во соработка со ТППБ Скопје, беше организирана и спроведена тактичко показна вежба на тема "Евакуација на вработените во случај на пожар", во производниот центар хемија, козметика и билка, на локалитетот "Билка" во јужната индустриска зона на Скопје,во н.Аеродром. Вежбата ја раководеше штабот за заштита и спасување на чело со Кире Ицев, директор на секторот за општи и правни работи и комамдантот на ТППБ Скопје Владимир Симоновски. Во вежбата е прикажан сериозен однос на вработените и примена на стандарните оперативни процедури во случај на инциденти и други можни несреќи и непогоди кои можат да се случат во овој производен центар.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации