Weekly News

21/06/2019

Теренска вежба за заштита и спасување „ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019“


Искуствата на нашата Република во изминатиот период, пожарите на отворен простор, бројните шумски пожари како и урбаните пожари наметнуваат потреба од континуирано обучување и практична проверка на можностите на републичките и просторните сили како и согледување на потребите за нивно доусовршување, комплетирање и доопремување. За таа цел на ден 21.06.2019 год во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа состанок за завршните подготовки за регионалната, теренска вежба за заштита и спасување „ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019“. Учесници во оваа интерактивна оперативна вежба се: ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ, АВИО ОДДЕЛЕНИЕ НА ДЗС, ОКТА АД СКОПЈЕ, МАКПЕРТОЛ АД СКОПЈЕ, ЈП МЖ ИНФРА СТРУКТУРА, АД ТРАНСПОРТ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ТАВ МАКЕДОНИЈА, ГРАД СКОПЈЕ, ТППБр СКОПЈЕ, ТППЕ КУМАНОВО, РО НА ЦРВРН КРСТ, АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ, КЛИНИЧКА БОЛНИЦА АДЏИБАДЕМ СИСТИНА, МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ПРОСТОРНИ СИЛИ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН, ПГД АВА КОТА 1050 НОВАЦИ.

Вежбата ја организира Центарот за обука при ДЗС во соработка со повеќе правни субјекти.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации