Weekly News

Logo

27/03/2018

Обука (едукација) на вработените во Макстил АД - Скопје за препознавање на неексплодирани убојни средства (НУС) и минско-експлозивни средства (МЕС)


Дирекцијата за заштита и спасување спроведе обука (едукација) на вработените во Макстил АД - Скопје за препознавање на неексплодирани убојни средства (НУС) и минско-експлозивни средства (МЕС) во работниот процес. Обуката ја спроведоа Секторот за превенција,планирање и развој и Секторот за оператива и логистика во рамките на Центарот за обука во соработка со менаџментот на Макстил АД - Скопје. Обуката на вработените се одржа во објектот во Железарница - Скопје на 23 и 27.03.2018 година (петок и вторник) со почеток во 13:00 часот. На обуката присуствуваа 62 вработени согласно утврдениот список.

Основните цели на обуката за заштита и спасување беа:

- Запознавање со системот за заштита и спасување и 
местото и улогата на вработените.
- Спроведување на мерките за заштита и спасување.
- Препознавање на неексплодирани убојни средства (НУС) 
и минско-експлозивни средства (МЕС) во работниот 
процес. 
- Обука на вработените во својот делокруг на активност и 
реафирмација на работното упатство за прием со влезна 
контрола и класификација на старо железо и Прирачникот 
за инспекција на отпадно железо и постапување со 
експлозивни и други опасни средства.

Презентери на тематските содржини:

* Слободан Вуковиќ

* Драгољуб Попоски

* Марјан Стефановски

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации