11/06/2019
Oбука и тренинг вежба „СТАРАВИНА 2019“
На 8 и 9.јуни 2019 година просторните сили од Пелагонискиот регион за справување со пожари на отворен простор, одржаа обука и тренинг вежба „СТАРАВИНА 2019“. Целокупната активност беше под менаџерската палка на Центарот за обука и Подрачното одделение од Битола при Дирекцијата за заштита и спасување. На вежбата учество земаа повеќе од 70 лица, припадници на просторните сили од општина Новаци, ТППЕ Новаци, доброволните друштва ФЕНИКС и АВА КОТА 1050, припадници на просторните сили од општина Прилеп, Битола, Крушево, како и доброволното друштво од Чаир, „Бајрам Мифтари“.
На вежбата свое обраќање имаше директорот на ДЗС, г-н Аднан Џафероски, кој изрази задоволство и поддршка за реализирање на обука и вежба за справување со пожари на отворен простор, со желба и надеж следната година во истата да се вклучат и екипи од соседството и регионот.