06/06/2019
Обука на просторните сили од Општина Дебарца
На ден 06.6.2019 во општина Дебарца престојуваше тимот од Центарот за обука на ДЗС,со цел спроведување и организирање на обука на просторните сили од Општина Дебарца.Во силите учествуваа претставници од штабот,универзалната единица и ЈП Комунални работи.Основна цел на обуката беше и запознавање со опасностите ,мерките за безбедност и карактеристиките на пожарите на отворен простор, како и методите и тактиките за учество на тимовите и справувањето со шумските простори.