Logo

02/06/2019

Обука и тренинг вежба „Битола 2019“ справување со пожари на отворен простор


На 1-2.6.2019г. се одржа обука и тренинг вежба „Битола 2019“ на просторните сили од општина Битола за справување со пожари на отворен простор. На обуката учествуваа 70 лица, припадници на просторните сили на општината, ТППЕ Битола, вработените од Јавните претпријатија во општината, претставници и волонтери од Горско Спасителната служба „Ава Кота“- Новаци и доброволното противпожарно спасителско друштво „ФЕНИКС“ од Битола.

Обуката во соработка со овие структури ја менторираше и менаџираше Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување. Во поддршка на целокупната активност беше и Подрачното одделение при ДЗС - Битола. На обуката беа обработени теми за опасности и мерки за заштита од пожари на отворен простор, примена на сили и средства, карактеристики на шумски пожар и тактики при нивно гаснење и менаџирање во услови на шумски пожари. По извршената обука согласно утврденото сценарио е изведена вежба во оперативно содејство и соработка со сите структури и субјекти на системот и учесниците на настанот. Вежбата ја следеа претставници од општина Битола на чело со градоначалничката Наташа Петровска, која на крајот ја поздрави целокупната активност. За активното учество на градоначалничката и Центарот за обука на ДЗС им беше доделена посебна Благодарница од организаторите на настанот.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации