15/05/2019
Основна обука на просторните сили за заштита и спасување на ДПТУ Кнауф ДООЕЛ
На ден 14.05.2019 во просториите на Друштвото за производство,трговија и услуги КНАУФ ДООЕЛ Скопје е одржана основна обука на просторните сили за заштита и спасување на кои учествуваа 14 лица припадници на универзалната единица за заштита и спасување. Во договор со менаџментот покрај основната обука акцент е дадено на примена на мерката за противпожарна заштита и евакуација од објектот во услови на природни непогоди и други несреќи.