05/04/2018
Обука на Просторните сили за заштита и спасување на Националната установа со Археолошкиот локалитет Стоби - Градско .
Дирекцијата за заштита и спасување спроведе обука на Просторните сили за заштита и спасување на Националната установа со Археолошкиот локалитет Стоби - Градско .
Основните цели на обуката на просторните сили за заштита и спасување на Национална установа со Археолошкиот локалитет Стоби - Градско беа:
- Запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на универзалните единици за заштита и
спасување;
- Обука и употреба на универзалните единици за заштита и спасување во спроведување на мерките за заштита и
спасување;
- Обука на припадниците на штабот, единицата и вработените во својот делокруг на активност;
- Проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположивата опрема и МТС и
- Меѓусебно запознавање и извежбување на членовите на припадниците на единицата.