19/04/2019
Основна обука на одговорните лица на „Тиррена Скави С.П.А“ Италија
На ден 11.04.2019 година, тимот од Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, спроведе основна обука на одговорните лица на „ТИРРЕНА СКАВИ С.П.А.“ Италија – подружница во Скопје, субјект кој работи на изградба на пат на делница Градско-клучка Дреново, како дел од патниот коридор 10Д. Обуката покрај другото опфати и обука на вработените за гасење на пожар на отворен простор.