19/04/2019
Извршени основни обуки на повеќе правни субјекти
На ден 9.04 и 10.04.2019 година, тимот од Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, престојуваше во Валандово, каде со посредство и асистенција на ПОЗС Валандово се извршени основни обуки на повеќе правни субјекти, и тоа: ДПТУ „ГАМА ОИЛ“ ДООЕЛ С. Раброво, Валандово; ДПТУУ „МАМ ПРОМ“ ДОО увоз-извоз, с. Раброво, Валандово; ДПТУ „СОФИРА“ ДООЕЛ, с. Раброво, Валандово. Истовремено е извршена и обука на ППЗ и евакуација на образовни институции од подрачјето на Валандово на која учествуваа 68 лица – одговорни за заштитата и спасувањето во нивните работни средини.