28/03/2019
Основна обука на просторните сили за заштита и спасување на „Жито Лукс АД Скопје“
На ден 28.03.2019 во објектот на Жито Лукс е одржана основна обука на просторните сили за заштита и спасување на кои учествуваа 70 лица припадници на силите за заштита и спасување (штабот и универзалната единица) . Во договор со менаџментот покрај основната обука акцент е дадено на примена на мерката за противпожарна заштита и евакуација од објектот во услови на природни непогоди и други несреќи.Извршена е противпожарна показна вежба и симулациска вежба за евакуација на вработените во услови на земјотрес на кои учествуваа сите вработени присутни на работното место.