27/03/2019
Обука за заштита и спасување во објектот на ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“
На ден 27.03.2019 год. Во објектот на ОУ “Браќа Рамиз-Хамид” во Општина Шуто Оризари ,Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување спроведе обука на сите вработени во училиштето.Покрај основните теми од системот за заштита и спасување посебно е разработена мерката за противпожарна заштита на објектот и мерката за евакуација на учениците и персоналот.За 10 дена ќе се спроведе и завршна евакуациска вежба на училиштето со која сите ученици и персоналот ќе ја завршат планираната обука .