27/03/2019
Eвакуациска вежба во услови на земјотрес во „СКОПЈЕ СИТИ МОЛ“
На ден 27.03.2019 Друштвото за трговија и услуги СЦМ РЕТАИЛ СКОПЈЕ ,СКОПЈЕ СИТИ МОЛ во склоп на трговскиот центар организираше евакуациска вежба во услови на земјотрес која ја спроведоа мониторинг центарот и оперативците од Агенцијата за обезбедување „ОСА“.На вежбата која ја мониторираше Дирекцијата за заштита и спасување,покрај вработените и посетителите на трговскиот центар учествуваа и Територијалната противпожарна бригада на Скопје и итната медицинска помош. Во текот на вежбата се спроведени оперативните процедури и стандардните постапки за евакуација на посетителите и вработените од објектот до собирното место и постапки при спасување од високи објекти ,евакуација на инвалиди и повредени и указување на прва медицинска помош.Од страна на Центарот за обука вежбата е оценета како успешна и добро организирана.