21/02/2019
Одржана е основна обука на просторните сили за заштита и спасување во НУ Конзерваторски центар
На ден 21.02.2019 во просториите на НУ Конзерваторски центар е одржана основна обука на просторните сили за заштита и спасување на кои учествуваа 25 лица припадници на универзалната единица за заштита и спасување. Во договор со менаџментот покрај основната обука акцент е дадено на примена на мерката за противпожарна заштита и евакуација од објектот во услови на природни непогоди и други несреќи.