Weekly News

Logo

13/04/2018

Вежба за спасување од пожар на отворен простор „Рудина 2018“


На 13.04.2018 година, на местото викано "Рудинa," над с. Нова Брезница, одржавме вежба за спасување од пожар на отворен простор. На вежбата учествуваа 2 тима за спасување од пожар, 2 авиони Air Tractor fire boss и еден тим кој ракува со безпилотно летало (дрон), од Дирекцијата за заштита и спасување. 
Целта на оваа вежба е практична проверка на ресурсите на Дирекцијата, за претстојната сезона на пожари. Се спроведоа стандардните оперативни процедури и постапките при гасење пожар на отворен простор од земја и со поддршка од воздух. 
Ваквиот практичен тренинг го воспоставуваме како пракса и редовно ќе се применува со цел одржување во кондиција и максимална подготвеност на персоналниот и материјалниот состав на Дирекцијата за заштита и спасување. Со тоа ќе се зголеми ефикасноста во справувањето со природните и други несреќи.
Во иднина, во вежбовните активности на Дирекцијата ќе вклучуваме и други институции кои се дел од системот за заштита и спасување и ќе работиме врз унапредување на меѓусебната координација, комуникација и взаемното дејствување.

Видео

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации