22/01/2019
Основна обука за заштита и спасување на менаџментот на Стоун Бриџ
На ден 21.01 и 22.01.2019 год., по барање на менаџментот на Стоун Бриџ хотел ДОО Скопје, подружница Хилтон е одржана основна обука за заштита и спасување на формираните просторни сили и други вработени кај овој правен субјект. На обуката присуствуваа 115 вработени, акцент покрај основната обука беше и спроведување на мерката за заштита и спасување од пожари и евакуација на објектите на безбедно место. Центарот за обука ја оценува како доста сериозна и професионална организацијата на обуката од страна на менаџментот и вработените и истата ќе биде заокружена во понатамошниот период со практично-показна евакуациска и противпожарна вежба.