Weekly News

26/12/2018

Доделување Благодарници од Центарот за обука на соработниците


На ден 26.12.2018, Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, организира прием и работна средба, по повод завршување на годината со учесниците во обуките во текот на 2018 година.
На приемот беа присутни претставници и учесници на обуките, тренинзите и вежбите од Републичките сили за заштита и спасување, тимовите за брз одговор, просторните сили од општините, трговските друштва, јавните претпријатија, служби и невладини организации.
Изминатата година беа организирани обуки кај 50 субјекти, а учество во обуките земаа 1960 припадници на силите за заштита и спасување.
За поуспешните и поорганизираните обуки и вежби согласно одлуката на Директорот на ДЗС Г-дин Аднан Џафероски, беа доделени соодветни Благодарници и Пофалници за учество во обуките, придонесот и соработката во областа на заштитата и спасувањето во Република Македонија.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации