Weekly News

Logo

26/11/2018

Показно-тактичка вежба во СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш


На ден 24.11.2018 год. во СОУ „Коста Сусинов“ -Радовиш е одржана заедничка показно-тактичка вежба на која според заедничко сценарио учествуваа МВР, ТППЕ –Радовиш, Подрачното одделение за заштита и спасување во Радовиш, ЈЗУ здравствен дом –Радовиш и Општина Радовиш.

Тема на вежбата беше Евакуација на учениците и персоналот во услови на земјотрес, укажување на прва помош, заштита и спасување од пожар и извлекување и спасување од урнатини.

Во рамките на сценарио од Дирекцијата учество зема тимот за брз одговор за спасување од урнатини од ПОЗС од Крива Паланка кои дејствуваше со свои специјални МТС и опрема, а нивната конкретна активност беше :

- Евакуација и прифат на учениците  до најблискиот тријажен центар на ДЗС,

-Употреба на специјални МТС и опрема за пробивање на ѕид и откривање на затрупани лица,

-Извлекување и спасување на тешко повредени и загинати лица,

-Спроведување на тријажен центар на ДЗС и транспорт на повредените и загинатите според процедурите .

Во своето дејствување ТБО за спасување од урнатини достојно ја претстави својата подготвеност и спремност, а со тоа и на ДЗС.

Со максималното ангажирање на сите учесници вежбата беше успешно реализирана согласно утврденото сценарио.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации