Weekly News

Logo

26/11/2018

Стручен собир „РАДОВИШ 2018“


На ден 24.11.2018 год. во организација на МВР е одржан Стручен собир „РАДОВИШ 2018“ со тема:  „Гаснење пожар, Евакуација, Спасување од рушевини, Пронаоѓање и спасување лица во објект“ на кој покрај оделот за заштита на личности и објекти со свои презентации учествуваа и Центарот за обука на ДЗС, Агенцијата КОУЗОН Скопје – Македонија и ЕСН на МВР на РМ.

Во име на Дирекцијата, презентација за обуките, тренинзите и вежбите кои ги организира Дирекцијата за Заштита и Спасување со Републичките и Просторни сили одржа Слободан Вуковиќ –раководител на одделението за обука. Во презентацијата се истакнати досегашните искуства и практики на Дирекцијата во начините и методите на спроведување на Евакуација, Противпожарна заштита, спроведување на меркатра за заштита од рушевини и пружање на прва помош на настрадани лица.

Во завршниот дел е извршена анализа во спроведувањето на показно-тактичката вежба спроведена во школото Коста Сусинов, со цел на понатамошно подобрување на организацијата, усогласувањето и координацијата на активностите на сите субјекти –учесници на вежбата во случај на евентуална појава на природни непогоди и други несреќи.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации