Weekly News

23/11/2018

Основна обука на штабови за заштита и спасување во АД Елем-Скопје


На ден 22.11.2018 година, Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување изврши Основна обука на штабови за заштита и спасување во АД Елем-Скопје, подружница Хес Маврово-Гостивар и „Енергетика“ – Скопје.
Целта на обуката е да се добијат знаења од областа на:
-Штабовите за Заштита и спасување на АД Елем;
-Системот за заштита и спасување,негово организирање, функционална поставеност и примена;
-Модел на ангажирање на силите и средствата за помош и поддршка.
Стана збор и за видовите на природни непогоди и организирање и подготвување и функционирање на мерките за заштита и спасување.
На крај беше дадена тактичка задача, за која по дадените предлози и прибрани податоци, беше донесена и имплементирана соодветна одлука на штабот.

 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации