Weekly News

22/11/2018

Симулациона вежба за тестирање на Планот за одговор при кризни состојби на Општа болница Куманово


Вежбата се одржа на 21.11.2018 со почеток во 12.00, на Липковска Река,на локацијата кај паркот до автобуската станица Куманово.
Вежбата се одржува во рамките на Двегодишниот договор за соработка помеѓу Министерството за здравство на РМ и Светската здравствена организација.Тестирано беше и поглавието за сексуално и репродуктивно здравје од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи.
Покрај наведените субјекти, во вежбата беа вклучени и Црвен крст на РМ, ЕЛС Куманово, ПОЗС Куманово, РЦУК Куманово, ТППЕ Куманово и НВО ХЕРА. ПОЗС учествуваше во подготовките на вежбата, давање мислења и предлози за организацијата, логистиката и текот на вежбата преку учество на состаноци и другите облици на комуникација.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации