19/10/2016
Симулациска вежба во ТЕ-ТО АД Скопје
Дирекцијата за заштита и спасување на 21-10-2016 год со почеток во 10:00 часот ќе спроведе симулациска вежба насловена „Противпожарна заштита и евакуација на повредени, посетители и персонал на безбедно Место“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.
Во вежбата ќе бидат вклучени раководните структури на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, сите вработени присутни на работа на утврден датум, штабот за заштита и спасување, универзалната единица за заштита и спасување, екипите за ППЗ, ПМП, Справување со хемиски инциденти и Евакуација. На вежбата ќе учествуваат и ТПП бригадата на Град Скопје и подрачното Одделение на дирекцијата за заштита и спасување од Гази Баба.
Со вежбата ќе се провери нивото на координација, содејство и логистика при извршувањето на задачите при отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи и подготвеноста за вонредни состојби.