Weekly News

21/11/2018

Тактичко показна вежба за гаснење пожар и извлекување на ученици и персонал


Дирекцијата за заштита и спасување на 20.11.2018 година во ООУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван  Демир Хисар одржа изведување на тактичко показна вежба за гаснење пожар и извлекување на учениците и персоналот. Учесници во вежбата беа: ТППЕ - Демир Хисар, ОО на ЦК Демир Хисар, Брза помош и МВР - Демир Хисар.
Целите на спроведување на вежбата се: проверката на функционалноста на планот за заштита и спасување на ООУ „Браќа Миладиновци“, с Жван, во делот на евакуација на повредени и загрозени лица во објектот во училиштето, увежбување на вработените и учениците за правилна постапка во услови на загрозеност, ангажирање на професионалните институции за државата и Локалната самоуправа за итни интервенции во објекти со приоритет во случај на несреќи и катастрофи од поголеми размери. Иста вежба ќе се одржи и во ОО “Гоце Делчев” Демир Хисар на 23.11.2018 година.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации