Weekly News

15/11/2018

Обука, тренинг и вежба на просторниот штаб на заштита и спасување на Македонија Лек


Денес, 15.11.2018 година, Центарот за Обука изврши обука, тренинг и вежба на просторниот штаб на заштита и спасување на Македонија Лек и Универзалната Единица за заштита и спасување, во објектот во Бутел.Планирана е симулациска показна вежба по утврдено сценарио на менаџментот на тема: Евакуација на вработени ,персонални посетители од објектот и примена на мерката Прва помош и Против-пожарна заштита.
Беа опфатени прашања за функционирање и поставеноста на системот за заштита и спасување, видовите на опасности и проценката на загрозеност, организација на силите за заштита и спасување во Македониај Лек, нивната нормативна поставеност и начинот на функиционирање на Штабот и Универзалната единица.
Посебно беа разработени евакуацијата и против-пожарната заштита, а на крај беше изведена и симулациска вежба со учество на вработените и органзираните просторни сили.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации