Weekly News

Logo

14/11/2018

Циклус обуки во Алкалоид АД Скопје


Одделението за обука во Секторот за превенција, планирање и развој при Дирекцијата за заштита и спасување го спроведе целиот циклус на обуки со припадниците на Универзалната единица за заштита и спасување на АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ – ПЦ Хемија и Козметика преку спроведување на Симулациска вежба на тема: „Евакуација на вработените при природни и други несреќи – утврдено сценарио во случај на пожар на локалитетот во Ѓорче Петров“.
Последната обука од циклусот се одржа на 30.10.2018, додека симулациската тактичко показна вежба на 8.11.2018. Обуката се одржа во два  дела:
-    Настава со презентација на утврдените тематски и програмски содржини;
-    Организирање и спроведување на практично-показна симулациска вежба во функција на остварување на улогата на припадниците на просторните сили за заштита и спасување.
Цели на активноста беа: запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единиците за заштита и спасување, спроведување на мерките за заштита и спасување, проверка на обученоста на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност, подготовки за симулациска вежба на просторните сили за заштита и спасување на АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации