Weekly News

14/11/2018

Прва основна обука во ЕЛЕМ


На ден 6.11.2018 година од 9-16 часот, Одделението за обука во Секторот за превенција, планирање и развој при Дирекцијата за заштита и спасување ја организираше првата основна обука на штабовите за заштита и спасување на АД ЕЛЕМ- Скопје, РЕК Битола-Новаци и ХЕЦ Тиквеш-Кавадарци од циклусот на предвидени обуки. Обуката се одржа во два  дела:
-    Настава со презентација на утврдените тематски и програмски содржини;
-    Организирање и спроведување на командно-штабна вежба на маса во функција на остварување на улогата на Штабот во дадени услови на природни непогоди и други несреќи.
Цели на активноста беа: запознавање со методологијата на работа и планирањето на активностите во заштитата и спасувањето, проверка на обученоста на членовите во својот делокруг на активност, меѓусебно запознавање и уигрување на членовите на штабот и друго.
Во реализацијата на оваа обука е утврдено солидно ниво на обученост, подготвеност и оспособеност на штабовите за заштита и спасување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации